ДВАЈЦА ПРИЈАТЕЛИ СКЛУЧИЛЕ ПАКТ ВО 1992 И СЕГА ДЕЛАТ МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД ЏЕКПОТОТ НА ЛОТАРИЈА

Њујорк, (Би-Би-Си)

Долгогодишните пријатели Џо Фини и Том Кук направиле пакт во 1992 година и го запечатиле со ракување дека ќе ја поделат добивката ако некој од нив некогаш ја освои американската лотарија Пауербол. Речиси 30 години подоцна, бројките му се погодија на Том и тој реши да го испочитува договорот.

Џо бил шокиран кога неговиот пријател му се јавил со намера да го поделат џекпотот од 22 милиони долари.

„Честитки за Том, Џо и нивните семејства! Моќта на пријателството и едно ракување се исплатија. Нивниот среќен ден пристигна“, изјави директорката на Лотаријата на Висконсин, Синди Ползин.

Шансите да се освои џекпотот на Пауербол се проценуваат на еден наспроти 292 милиони. Двајцата освојувачи ја избраа опцијата да земат пари во кеш: во тој случај добивката изнесува 16,7 милиони долари, па по одбивањето на сите даноци, секој од нив ќе добие по 5,7 милиони.

„Не можам да замислам подобар начин на одење во пензија“, изјави Том Кук.