Од 2 до 4 јуни, од 18:30 до 21 часот, на улица Македонија во Скопје ќе се одржува фестивалот Статуафест по деветти пат.
Повеќе уметници како живи статуи ќе симболизираат разни приказни и емоции и ќе бидат атракција за граѓаните кои поминуваат низ центарот на Скопје. Ланската тема беше прекинати врски, а годинашната е соништа.
„Оваа година тематски нурнуваме во светот на соништата, оние скриени визии што нè водат, ни шепкаат инспирација и даваат боја на секојдневието“, велат организаторите.
Фото: К. Попов