БЕСПЛАТНИ БИЛЕТИ НА НЕДЕЛАТА НА ПОЛСКИ ФИЛМ ВО КИНОТЕКАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од денеска до 9 мај, во Кинотеката на Македонија ќе се прикажат шест полски филмови на Неделата на полски филм.

Ревијата отвора со „Ноќен воз“ во режија на Јержи Кавалерович. На 5 мај е „Ракописот од Сарагоса“ од Војчек Хас, ден потоа ќе биде прикажан „Ветената земја“ од Анджеј Вајда, а в понеделник, „Нож во вода“ на Роман Полански, кој премиерно е прикажан во 1962 година.

Вторник и среда ќе бидат посветени на режисерот Кшиштоф Кешловски со „Краток филм за љубовта“ и „Краток филм за убивањето“, два филма од 1988 година.

Сите проекции почнуваат во 20 часот, билетите се бесплатни, но потребна е резервација на билетарницата на Кинотеката.

За време на филмската ревија, во фоајето на Кинотеката ќе бидат изложени плакати од значајни полски филмови.