ДЕНОВИ НА ХРВАТСКИ ФИЛМ ОД 15 ДО 20 СЕПТЕМВРИ ВО КИНОТЕКАТА НА МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Од 15 до 20 септември во Кинотеката на Македонија ќе се одржуваат Денови на хрватски филм, со проекции во 20 часот .

На отворањето ќе се прикаже филмот „Уставот на Република Хрватска“ (фото) од 2016 во режија на Рајко Грлиќ.

Во текот на неделата ќе бидат прикажани долгометражни филмови, кратки играни филмови, документарни филмови и класици на хрватското кино, а програмата ќе заврши со новата крими драма „Сѐ си има крај“ (Svemu dođe kraj) од 2024.

Манифестацијата се одржува во соработка со Кинотеката на Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска.

(Фото: „Интерфилм)