Германско-македонскиот документарец „Планета на овците“ утре премиерно ќе се прикаже во рамките на 21. издание на фестивалот на европски филм Синедејс. Проекцијата ќе се одржи во Летното кино на Кинотеката, со почеток во 20:30 часот.
Во филмот на германскиот документарист Марвин Ентхолт копродуцент е македонската продукција „Trice Films“, со поддршка од Агенцијата за филм на Северна Македонија.
„Планета на овците“ ја истражува нераскинливата 11.000-годишна врска помеѓу човекот и овцата, при што е сниман во Кина, Германија, Италија, Македонија, Етиопија, Шпанија и Шкотска.