АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ГО ПРОСЛАВИ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА, 4 ЈУЛИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

По двегодишната пауза поради коронакризата, вчера во дворот на Американската амбасада во Скопје се одржа традиционалната прослава на Денот на независноста, 4 Јули. На приемот за 246-годишнината од основањето на САД присуствуваа политичари, јавни личности и соработници на амбасадата.

Македонската химна ја пееше поп пејачката Елена Ристеска (Фото: Ѓ. Личовски)

Македонската химна ја изведе поп пејачката Елена Ристеска, додека химната на САД ја отпеа Кејли Линдал, сопруга на вработен во амбасадата.

Амбасадорката Кејт Мери Брнз во својот говор се осврна на соработката и помошта што изминативе 30 години Македонија ги добива од САД како наш стратешки партнер и порача дека ќе се справуваме заедно со сите предизвици пред кои се наоѓа земјава.

Мора да продолжиме да се стремиме кон подобрување на животите на нашите граѓани и иднината на нашите млади, да се справуваме со нееднаквоста во системот и да се залагаме за вредностите кои одамна ги браниме. Дилемите што тие ги создаваат се единствени за вашата држава и вашето патување, но во соочувањето со нив не сте сами. САД се со вас на тоа искачување. И како што нашите држави ќе се соочуваат со нови предизвици, така ќе се справуваме со нив заедно, како сојузници, партнери и пријатели.. Посилни и порешителни од кога било“, кажа Брнз.

Шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон со сопругот (Фото: Ѓ. Личовски)

Прославата на 4 Јули заврши со традиционален огномет.

А. АНТЕВСКА