Поп-ѕвездата Дуа Липа ја доби својата прва филмска улога во комедијата „Peaked“. Филмот ќе го режира Моли Гордон.
Заплетот се врти околу две девојки кои „тероризирале“ други во средно училиште и сега се среќаваат со своите соученици на собирот по повод 10 години матура. Како што објави „Дедлајн’, Дуа Липа се придружила на актерската екипа, што ќе биде нејзино филмско деби.
Покрај Липа, играат и оскаровката Лора Дерн, ѕвездата на серијата „Сексуално образование“, Ема Меки и Симон Ешли од „Бриџертон“. Снимањето треба да почне овој месец во Нов Зеланд.
(Фото: Гети)