ФИЛМОВИТЕ „ЃАВОЛОТ НОСИ ПРАДА 2“ И „МАЈКЛ“ СО ПРЕМИЕРИ ВО СКОПЈЕ ВО АПРИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Премиери на повеќе светски и регионални филмови ќе се одржат оваа година во Скопје, објави киното „Синеплекс“.

Продолжението на филмскиот хит „Ѓаволот носи прада“ игра во киното од 30 април, а на 23 април е премиерата на автобиографскиот филм „Мајкл“ посветен на Мајкл Џексон.

Продолжението на хит-филмот од 2006 „Ѓаволот носи прада“ повторно го напиша Алин Брош Мекена, со Мерил Стрип Ен Хатавеј и Емили Блант во главните улоги.

„Мајкл“, биографскиот филм на режисерот Антоан Фукуа, е за животот на „кралот на поп-музиката“, Мајкл Џексон, кој  почина на 50 години во 2009. Џексон го игра неговиот внук Џафар Џексон, син на постариот брат на Мајкл, Џермејн Џексон.

Премиера на американскиот хорор филм „Вресок 7“ е во кината од 26 февруари. Ова е дел од понудата која ја објави киното.

Премиерите во киното „Синеплекс“ во 2026 (Фото: Инстаграм)

Српската комедија „Свадба“ со Драган Бјелогрлиќ во главната улога ќе игра од 6 февруари. Филмот „Југо Флорида“ на режисерот Владимир Тагиќ со Андрија Кузмановиќ во главната улога игра во киното од вчера (1 јануари). Филмот ја имаше светската премиера на 31.Филмски фестивал во Сараево.

 

(Фото: Гети)