ХЈУ ЏЕКМЕН ЈА МОЛИ ФИЛМСКАТА АКАДЕМИЈА ДА НЕ ГО НОМИНИРА РАЈАН РЕЈНОЛДС ЗА ОСКАР

Лос Анџелес, (Вараети)

Хју Џекмен ја замоли Академијата за филмска уметност и наука да не го номинира Рајан Рејнолдс за Оскар зашто тоа ќе даде огромен поттик на неговото его. Популарниот канадски актер се најде во потесната конкуренција за номинација за Оскар за најдобра песна од неговиот божиќен филм „Spirited“.

Ако Рајан Рејнолдс добие номинација за Оскар, тоа ќе го направи мојот живот неподнослив. Треба да ја поминам целата година со него на снимањата како Вулверин и Дедпул и верувајте ми, тоа би било невозможно“, вели Џекмен во видео објавено на Твитер.

Тој призна дека го обожава „Spirited“, но ја замоли Академијата да не ја потврдува номинацијата на Рејнолдс.

Џекмен ќе се врати во улогата на Вулверин во третиот дел на „Дедпул“, што треба да излезе следната година. Тој и Рејнолдс важат за големи пријатели и често се закачаат еден со друг на социјалните мрежи.