Оскаровецот Хоакин Феникс повторно ќе соработува со режисерот на епската драма „Гладијатор“, Ридли Скот. Двајцата оскаровци ќе се обединат во уште една историска драма, овој пат за животот на Наполеон Бонапарта. Феникс ќе го игра славниот француски император, во филмот насловен „Чанта“(Kitbag).

„Филмот ќе даде оригнален и личен поглед на почетоците на Наполен и нeговиот брз, безмилосен пат до император, низ призмата на врската со неговата љубов, Жозефина. Целта на филмот е да ги долови славните битки на Наполеон, неговата немилосрдна амбиција и стратешки ум како исклучителен воен водач и визионер“, објави „Дедлајн“.