ИТАЛИЈАНСКИОТ ФИЛМ „ПОМИЛУВАЊЕ“ И СРПСКИОТ „ЈУГО ФЛОРИДА“ ВЕЧЕРВА НА СИНЕДЕЈС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска (9 декеври), на претпоследниот ден на 24. издание на фестивалот Синедејс, во киното Фросина од 20 часот ќе биде прикажан филмот „Помилување” во режија на славниот италијански режисер Паоло Сорентино. Филмот ја имаше својата светска премиера на Венецискиот филмски фестивал, каде што Тони Сервиљо ја доби наградата за најдобар актер.

Од 22:30 часот игра филмот „Југо флорида” во режија на Владимир Тагиќ. Популарниот српски актер Андрија Кузмановиќ е во главната улога, за која ја доби наградата за најдобра улога на Сараевскиот филмски фестивал оваа година.

Во Денсинг салата на МКЦ ќе можат да се погледнат краткиот филм „Зајак” во режија на Ханис Багашов и „Еден од оние денови кога Хеме умира” на Мурат Фиратоглу. Во Кинотеката ќе бидат прикажани „За Ева“, краткиот филм во режија на Бојан Василев и „Вена“ на Кјара Флајшхакер.