ИЗЛЕЗЕ ПОСЛЕДНИОТ АНИМИРАН ФИЛМ ВО КАРИЕРАТА НА ЛЕГЕНДАРНИОТ ХАЈАО МИЈАЗАКИ

Токио, (Би-Би-Си)

Последниот филм во кариерата на легендарниот режисер на анимирани филмови Хајао Мијазаки вчера ја имаше својата премиера во јапонските кина.

How Do You Live“ го позајми насловот од романот на Гензабуро Јошино од 1937 година, но неговата приказна е целосно оригинална, напишана од 82-годишниот Мијазаки. Дејството на филмот е сместено во Втората светска војна и се фокусира на момчето Махито, чија мајка загинала во пожар, по што татко му се жени за нејзината помлада сестра и се селат на село.

Мијазаки доби Оскар за најдобар долгометражен анимиран филм за „Патување со душите“ (Spirited Away) во 2003 година и е еден од основачите на влијателното студио за анимација „Гибли“. Други негови значајни филмови се „Принцезата Мононоке“ и „Подвижниот замок на Хоул“.

How Do You Live“, на кој почна да работи уште во 2016, е неговиот прв филм по десет години пауза и излезе без трејлер и промоции.

Иако наследството на Мијазаки е загарантирано, иднината на „Гибли“ е помалку јасна, затоа што обидите да се пренесе палката на следната генерација автори досега не донесоа голем успех.

(Фото: АФП)