КАРЛОС САНТАНА, ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ И ЗБИГЊЕВ ПРАЈСНЕР СЕ ВО ФОКУСОТ НА 10. СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Полскиот композитор на филмска музика Збигњев Прајснер (фото) ќе ја добие наградата за животно дело на претстојното десетто издание на фестивалот на музички документарци Скопје синема сити, што официјално ќе трае од 1 до 4 јули. Шеесет и осумгодишниот Прајснер е најпознат по соработката со славниот полски режисер Кшиштоф Кјешловски.

Полска ќе биде земја во фокус на годинашниот фестивал, во рамките на што ќе се прикаже дел од опусот на режисерот Грегор Брзозович, кој ќе пристигне во Скопје.

Во програмата се и филмот „Карлос“ за Карлос Сантана и филмови на македонските автори Васил Михаил и Благојче Трајковски. Сите проекции се во Кинотеката.

Прва содржина на фестивалот е изложбата по повод 50 години кариера на Влатко Стефановски, која се отвора в среда (26 јуни) во Мала станица.