„Јуниверзал“ потврди дека ќе снима биографски филм за „Бон Џови“. Филмот ќе се фокусира на раните години на рок-бендот, следејќи го неговиот подем од скромните почетоци во Њу Џерси до распродадените стадиони во 1980-тите.
Филмот ќе го продуцираат Кевин Џ. Волш („Manchester By the Sea“, „House of Gucci“) и Готам Чопра, кој го режираше документарецот од четири дела „Thank You, Goodnight: The Bon Jovi Story“ од 2024 година. Засега нема информации за актерската екипа.
„Бон Џови“ продаде над 130 милиони албуми и беше примен во Куќата на славните на рокенролот во 2018 година.
Филмот ќе ги опфати формирањето на бендот и кулминацијата на неговиот успех, настапувајќи пред 100.000 обожаватели на московскиот Музички фестивал на мирот во 1989.
(Фото: Фејсбук)