Ќе се снима биографски филм за пејачката Шинед О’Конор, која почина во 2023 на 56 години.
„Вараети“ објави дека е во подготовка филм кој ќе ја раскаже приказната за раните години од животот и кариерата на легендарната ирска музичарка. Ќе го режира Џозефин Декер.
Зад проектот стои ирската продуцентска компанија „Ие: Ентертејнмент“, која го продуцираше документарецот за О’Конор, „Ништо не се споредува“.
Според „Вараети“, биографскиот филм ќе ги истражува раниот живот на О’Конор и нејзините почетоци во музичката индустрија. Ќе се обиде да ја раскаже приказната за тоа како една млада жена од Даблин го освоила светот, градејќи ја својата светска слава врз талент, но името ѝ стана синоним за нејзините напори да привлече внимание кон злосторствата извршени од католичката црква и ирската држава.
О’Конор отворено зборуваше за нејзината децениска борба со менталната болест. Се преобрати во ислам во 2018 и го смени името во Шухада, но продолжи да настапува под нејзиното родено име.
(Фото: Редфернс)