Кијану Ривс и Алекс Винтер ќе имаат нова авантура по речиси три децении од нивниот последен заеднички филм, беше објавено на Канскиот фестивал.
Тие ќе ги репризираат улогите на Бил и Тед, металци кои патуваат низ време, во новиот филм „Бил и Тед се соочуваат со музиката“, 27 години по излегувањето на „Лажното патување на Бил и Тед“.
Сценариото е на оригиналните автори Крис Матесон и Ед Соломон, а филмот ќе го режира Дин Парисот.
Според приказната, Бил и Тед сега се во средни години и имаат семејни обврски, но сѐ уште не успеале да ја направат најдобрата песна на сите времиња. Тие добиваат посета од иднината, која им кажува дека судбината на светот зависи од таа песна, што е повод да тргнат на нова авантура низ времето за да најдат инспирација.
Првиот филм од франшизата „Извонредното патување на Бил и Тед“ излезе во 1989 година.
„Не можеме да бидеме повозбудени што повторно ќе работиме заедно. Крис и Ед напишаа неверојатно сценарио и ова е повторно тим од соништа“, се вели во заедничкото соопштение на Ривс и Винтер.