Бил и Тед се вратија по речиси 30 години.
Сега веќе средовечни мажи, Бил (Алекс Винтер) и Тед (Кијану Ривс) одат на уште едно патување низ времето за да го спасат светот, но и својата музичка кариера.
Компанијата „Орион“ го објави првиот трејлер за долгоочекуваниот трет дел на „Бил и Тед“, насловен „Bill And Ted Face the Music“, во кој Винтер и Ривс ги повторуваат своите легендарни улоги на пропаднати музичари. Тие го почнуваат своето ново патување откако посетител од иднината ќе ги предупреди дека една нивна песна може да го спаси животот на Земјата и да донесе хармонија во универзумот.
„Бил и Тед 3“ следува 29 години по „Лажното патување на Бил и Тед“, додека првиот дел излезе во 1989 година. Планирано е филмот да има премиера на 21 август.