КИНОТЕКАТА СОБРА 31 МАКЕДОНСКИ КРАТОК ИГРАН ФИЛМ НА ЕДНО ДВД

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Триесет и еден наслов се застапени на новото ДВД издание на Кинотеката, „Македонски кратки играни филмови“, што ќе биде промовирано в петок.

Оваа колекција дава преглед на сè она што било создавано во македонската кинематографија од нејзините повоени институционализирани почетоци до денес.

Промоцијата ќе се одржи в петок во 12:45 часот.