Пандемијата на коронавирусот почна да влијае и врз настаните во 2021 година, па следната, 93. церемонија на доделување Оскари беше одложена за два месеца. Место 28 февруари, најголемата вечер во сезоната на филмски награди ќе се случи на 25 април.

Организаторите се согласија да го продолжат крајниот рок за пријавување филмови до крајот на февруари.

Во досегашната историја, Оскарите биле одложени само уште трипати: во 1938 година поради поплавите во Лос Анџелес, 30 години подоцна по убиството на Мартин Лутер Кинг и потоа во 1981 година по обидот за атентат врз претседателот Роналд Реган.

Засега е нејасно дали церемонијата ќе се одржи виртуелно или со присуство на публика.

Номинациите ќе бидат објавени на 15 март.