КРИСТЕН СТЈУАРТ ГИ ПРЕДВОДИ НОВИТЕ ЧАРЛИЕВИ АНГЕЛИ

Лос Анџелес, (АП)

Кристен Стјуарт ќе ја предводи следната постава на Чарлиевите ангели, во новата верзија на популарната серија од 70-ите години.

Другите две членки на акционата тројка ќе бидат младите англиски актерки Наоми Скот и Ела Балинска.

Актерката Елизабет Бенкс ќе биде режисерка, косценаристка и продуцентка на филмот, во кој ќе го игра Бозли.

„‘Чарлиевите ангели‘ е еден од оригиналните брендови кои ја слават женската моќ. Филмот ќе претстави нова ера на модерни и глобални ангели“, изјави Бенкс.

Премиерата е најавена за септември 2019 година и најновата верзија следува по два успешни филма од почетокот на овој век, кога ангелите беа Камерон Дијаз, Дру Баримор и Луси Лиу.