Македонскиот краткометражен филм „Избор“, во режија на Марко Црногорски, продукција на „Дарма филм“ ќе се прикаже на 50. издание на Филмскиот фестивал во Оденсе (OFF), Данска (25-31 август). Фестивалот во Оденсе е единствениот краткометражен фестивал во Данска што е квалификувачки за Оскар, Европските филмски награди (ЕФА) и БАФТА, и се смета за една од најреномираните фестивалски платформи за кратки филмови во Европа.
„Избор“ досега доби награда за најдобар краток филм на 20. Фестивал на филмови од Југоисточна Европа во Лос Анџелес, а се прикажа и на фестивали во Чиле и Египет.
Светската премиера беше на Филмскиот фестивал во Паленсија, Шпанија.
Во филмот играат: Сара Сандева, Ева Велиќ, Игор Ангелов, Билјана Драгиќевиќ-Пројковска, Ѓорѓи Јолевски, Сара Анастасовска и Дарко Богески.
Во тимот се и: Роза Трајческа-Ристовска (костимографија) Дејан Ѓошевски (сценографија) Дарко Спасовски (звук и микс) Блажен Настевски (музика) Михаил Димитров (монтажа) Наум Доксевски (директор на фотографија). Сценариото е на Јана Пауноска и Црногорски, а проектот е поддржан од Агенцијата за филм.