Американските актери Дејвид Коренсвет и Рејчел Броснахан ги добија улогите на Супермен и Лоис Лејн во новиот филм „Superman: Legacy“, што ќе го режира Џејмс Ган. Новиот кастинг уследи откако Хенри Кавил беше избркан од улогата на Супермен минатата година.
„Тие не само што се неверојатни актери, туку и прекрасни луѓе“, кажа Ган за избраните актери.
За 29-годишниот Коренсвет ова ќе биде најголемата улога досега, додека Броснахан се проби преку серијата „Куќа од карти“, пред да се прослави со серијата „Величествената госпоѓа Мејзел“, за која освои Еми и Златен глобус за најдобра актерка.
„Superman: Legacy“ треба да излезе во лето 2025 и Ган го опиша како „вистинскиот почеток на универзумот на Ди-Си“.