Мел Гибсон се врати во режисерското столче по пауза од речиси десет години со акциониот филм „Flight Risk“, за кој е објавен нов трејлер.
Марк Волберг глуми платен убиец преправен во пилот кој во авион се соочува со агентка на ФБИ (Мишел Докери), која придружува заштитен сведок (Тофер Грејс). Ликот на Волберг има задача да го ликвидира сведокот пред да стигне на судење. Филмот ќе има премиера на 24 јануари.
„Flight Risk“ е првото режисерско дело на Гибсон од „Гребен на спасените“ од 2016, кој освои два оскари.