НЕ МИ Е ГАЈЛЕ ЗА ЛОШИТЕ КОМЕНТАРИ ПО „И ЕДНОСТАВНО ТАКА“, РЕЧЕ САРА ЏЕСИКА ПАРКЕР

САД, (Холивуд рипортер)

Франшизата „Сексот и градот“ заврши, со финалето на серијата „И едноставно така“, со која се заокружи обновената серија по три сезони, а главната актерка Сара Џесика Паркер кажа дека не ѝ е грижа за лошите коментари од публиката.

Продолжението на „Ејч-Би-О“ на оригиналната серија која се снимаше по двата филма започна тажно, по ненадејната смрт на сопругот на Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер), Биг (Крис Нот), и во текот на две сезони го прошири својот актерски тим, па заврши оставајќи ја Кери сама и слободна во Њујорк.

По крајот на серијата, главно лоши критики се појавија во медиумите и на социјалните мрежи.

Во нејзиното единствено интервју по финалето на серијата, Сара Џесика Паркер која е исто така извршен продуцент ја прашаа дали е свесна дека има многу гледачи кои порано биле фанови на „Сексот и градот“, а сега ја мразат серијата „И едноставно така“.

„Не мислам дека имам време многу да размислувам за тоа“, рече Паркер за „Њујорк тајмс“. „Секогаш работевме неверојатно напорно за да раскажеме приказни што беа интересни или реални. Претпоставувам дека навистина не ми е грижа. А причината зошто не ми е грижа е затоа што беше што серијата беше многу успешна, а врските што ги воспостави со публиката беа многу значајни“, рече актерката.

„Истото го кажав и по финалето на ‘Сексот и градот’, кога Кери одеше по улицата и рече: ‘Најзначајната врска од сите е онаа што ја имаш со себе“, рече Сара Џесика Паркер.