Откако пред две недели навести дека можеби ќе биде следниот актер кој ќе го игра Џејмс Бонд, Идрис Елба вчера ги негираше шпекулациите.

„Моето име е Елба, Идрис Елба“, напиша британскиот актер на 12 август на Твитер, неколку дена откако продуцентите на славната филмска франшиза кажаа дека тој би можел да биде следниот агент 007.

Во интервјуто во „Добро утро Британија“, на прашањето дали се гледа во оваа улога, Елба кусо одговори: „Не“.

Во вторникот, продуцентите објавија дека Дени Бојл поради креативни разлики нема да го режира 25. Бонд филм, чија премиера е закажана за 25 октомври 2019. Даниел Крег по петти и последен пат ќе го игра британскиот таен агент.