Климаксот на трилогијата „Матрикс“ е кога Нио (Кијану Ривс) се жртвува себеси за да ги спаси цивилизациите на луѓето и машините од злобниот агент Смит (Хуго Вивинг).

Но, Нио е жив и сè уште знае кунг фу во трејлерот за „Матрикс воскреснувања“, четвртиот дел од научно-фантастичната франшиза, кој ќе излезе во кина и на стриминг сервисот „Ејч-Би-О макс“ на 22 декември. Оригиналниот филм „Матрикс“ излезе во 1999, па следеа уште две продолженија во 2003.

Бидејќи умре во 2003, нејасно е дали Ривс глуми различна или алтернативна верзија на оригиналниот лик. Истото важи и за Тринити (Кери-Ен Мос), која се чини не го препознава Нио кога ќе се сретнат и поздрават во кафуле.

Во друга сцена, Нио тренира со неименуваниот лик на Јахја Абдул-Матин, што сугерира дека можеби е помладата верзија или син на Морфеус. Лоренс Фишбурн лани изјави дека не добил покана да ја репризира легендарната улога.

И додека првите три филма беа режирани од браќата Вачовски, кои во меѓувреме сменија пол и станаа жени, новиот „Матрикс“ е дело само на Лана Вачовски.