ОСКАРИ 2022: ДВЕ ДВОЈКИ МЕЃУ НОМИНИРАНИТЕ ГЛУМЦИ, ПРВА НОМИНАЦИЈА ЗА ГЛУВ АКТЕР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Познати се номинациите за 94. Оскари, кои ќе бидат доделени на 27 март, кога ќе се вратат во театарот „Долби“ во Лос Анџелес со водител.

  • Вестерн драмата „Моќта на кучето“ ќе се бори за најмногу статуетки – 12, додека научно-фантастичниот спектакл „Дина“ доби 10 номинации, но притоа беа игнорирани сите актери и режисерот Денис Вилнев.
  • 28 години по „Пијано“, Џејн Кемпион стана првата жена која двапати била номинирана за најдобра режија. Тогаш беше наградена за сценарио, а сега има три номинации за „Моќта на кучето“.
  • Меѓу 20-те номинирани актери и актерки има две двојки: Хавиер Бардем и Пенелопе Крус се во брак од 2010, а Џеси Племонс и Кирстен Данст се свршени од 2017 и имаат две деца.
  • Дензел Вашингтон ја доби 10. номинација, а Стивен Спилберг стигна до бројката од 19.
  • Композиторката Дајен Ворен го чека првиот оскар по 13 номинации, а една од конкурентките ќе ѝ биде Бијонсе.
  • Зад Ворен е Пол Томас Андерсон, кој доби три номинации за „Ликорис пица“ и сега ги има вкупно 11.
  • „Лунана: Јак во училницата“ е првиот филм од Бутан кој бил номиниран за оскар за најдобар странски филм.
  • Трој Котсур е првиот номиниран глув глумец („КОДА“).