ОСКАРИ 2022: „ЕПЛ“ МУ ЈА УКРАДЕ ИСТОРИЈАТА НА „НЕТФЛИКС“, „КОДА“ ПОВТОРИ ПОДВИГ СТАР 90 ГОДИНИ

Лос Анџелес, (АП)

Шамарот што Вил Смит му го удри на Крис Рок несомнено ќе остане еден од највпечатливите моменти во историјата на Оскарите. Смит ја бранеше честа на својата сопруга Џејда откако Рок ја исмеваше нејзината кратка коса и ја спореди со ликот на Деми Мур од „Џи Ај Џејн“.

Што се однесува до победниците и губитниците, ова се моментите кои го обележаа 94. доделување:

  • „КОДА“ им го донесе првиот Оскар за најдобар филм на стриминг сервисите, а историјата ја испиша „Епл ТВ+“.
  • „КОДА“ е и првиот филм по „Гранд хотел“ од 1932 година кој ја освоил главната награда откако беше номиниран во помалку од четири категории, три и во сите три триумфираше.
  • Трој Коцур („КОДА“) е првиот глув машки актер кој се закитил со Оскар.
Вил Смит со семејството по скандалот со Крис Рок и освојувањето на Оскарот за најдобар актер
  • Првпат во историјата, една улога донесе два оскара, Анита во „Приказна од западната страна“: Рита Морено во 1962 и Аријана Дебоуз ноќеска.
  • Кенет Брана го освои првиот Оскар откако во кариерата имаше номинации во седум различни категории. Тоа му успеа за најдобро сценарио за „Белфаст“.
  • Две години по ред, жени го освојуваат Оскарот за најдобра режија: Клое Жанг лани и Џејн Кемпион сега. Тоа беше е и единствената награда од 12-те номинации за „Моќта на кучето“ на „Нетфликс“.
  • Били Ајлиш и нејзиниот брат Финис О‘Конел ја продолжија низата на наградените песни од Џејмс Бонд. Пред нив славеа и Сем Смит и Адел.
Били Ајлиш со својот Оскар (Фото: Твитер)
  • Филмаџијата Пол Томас Андерсон и композиторката Дајен Ворен остануваат меѓу најголемите губитници во Холивуд со 11, односно 13 номинации.