Оскаровската сезона за следната година е веќе најавена и 91. издание на најгламурозната филмска манифестација ќе се одржи на 24 февруари 2019.

Академијата за филмска уметност и наука ги објави клучните датуми за сезоната на награди, вклучувајќи го и доделувањето на почесните Оскари, Гувернерски бал, на 18 ноември 2018. Номинациите ќе бидат објавени на 22 јануари, а научните и технички награди ќе бидат доделени на гала настан на 9 февруари.

Оскарите традиционално се одржуваат на крајот на февруари, но годинава беа поместени во почетокот на март поради Зимските олимписки игри.

Годинашниот ТВ-пренос од Оскарите достигна до 26,5 милиони гледачи, што беше оценето како рекордно ниска гледаност за настан што е најчесто веднаш зад Супербоулот.