ОСМИОТ ДЕЛ НА „НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА“ Е КУЛМИНАЦИЈА НА 30-ГОДИШНАТА РАБОТА, РЕЧЕ ТОМ КРУЗ ВО КАН

Кан, (АП)

Три години по гостувањето на Канскиот филмски фестивал со „Топ Ган: Маверик“, Том Круз се врати на Кроазета со „Невозможна мисија – конечна пресметка“.

Најновиот дел на Кристофер МекКвари е најголемиот потенцијален холивудски хит во Кан оваа година. И неговото значително влијание на фестивалот на француската ривиера поттикна скандирање на името на Том Круз од фановите кога пристигна.

Откако позираше за фотографии, Круз му се придружи на режисерот Мекквари на средината на говорот на мастеркласот. Немаше прес-конференција за филмот, но актерот на мастеркласот одговори на прашањето, дали осмиот дел на „Невозможна мисија“ е последен. Круз рече дека „филмот е кулминација на тридецениската работа“.
„Повеќе би сакал само луѓето да го гледаат и да уживаат“, рече актерот.

Том Круз, познат по акробациите кои ѝ пркосат на смртта во филмови, додаде уште еден подвиг во својата ризична биографија. Тоа е акционата сцена токму за филмот „Невозможна мисија 8“, во која во воздух се бори со Есаи Моралес, кој го игра терористот Габриел.

 

Фото: АП