Тимоти Шаламе го игра пејачот Боб Дилан во филмот „Целосно непознат“ (A Complete Unknown) и за оваа улога беше номиниран за Оскар и Златен глобус. За да влезе во ликот и да го прикаже стилот на Боб Дилан, актерот направил неколку суштински работи.
Шаламе во интервју за АП вели дека читал многу книги за Боб Дилан за да се подготви за улогата. Откако го добил сценариото во 2018, учел да свири гитара.
„Мислам дека некаде во 2018 го имав првиот час со еден одличен учител по гитара, За време на ковид пандемијата имавме часови на Зум три до четири пати неделно и свиревме песни кои никогаш не влегоа во филмот“.
Дилан е роден во Дулут, Минесота, па Шаламе отпатувал таму за да ја истражи областа.
„Поминав некое време во Дулут, Висконсин и Чикаго. Се обидов да ги изодам чекорите што водеа до Њујорк каде што пристигнал Дилан во раните 1960-ти. Тоа за мене беше психолошки тест, сакав да видам каде се развивал Дилан во 1950-тите и 1960-тите“, кажа актерот.
Шаламе исто така поминал низ физичка трансформација, па се здебелил девет килорами за потребите на филмот.
(Фото: Алами)