Поминаа речиси 40 години откако Емилио Естевез првпат запука од револвер како Били д Кид во сега веќе култниот вестерн „Млади пиштолџии“ (Young Guns). Тој сега објави дека ќе се врати во новото продолжение на серијалот како режисер и актер. Покрај него, од оригиналната актерска екипа повторно ќе ги видиме и Лу Дајмонд Филипс и Кристијан Слејтер.
Како и првите два филма, и „Young Guns 3: Dead or Alive“ ќе се снима во Ново Мексико.
Сега 62-годишниот Естевез кажа дека слушнал шеги дали насловот на новиот филм би требало да биде „Стари пиштолџии“. Тој не откри никакви детали за дејството и кога би почнало снимањето.
„Млади пиштолџии“ имаше премиера во 1988 и неговиот успех резултираше со продолжение две години подоцна. Во првиот филм глумеа и Кифер Сатерленд, Чарли Шин и Дермот Малрони.