ПОПАЈ ЌЕ ДОБИЕ НОВА ФИЛМСКА ВЕРЗИЈА ПО ПОВЕЌЕ ОД 40 ГОДИНИ

Лос Анџелес, (Вараети)

Цртаниот лик Попај се враќа на големото платно по повеќе од четири децении.

Легендарниот морнар и љубител на спанаќ, кој првпат се појави во стрип во 1920-тите, ќе добие нова филмска верзија, која, како што е најавено, ќе биде со голем буџет. Сценарист ќе биде Мајкл Калео, кој има работено и на серијата „Сопранови“.

Ова ќе биде прв филм за Попај од 1980 година, кога насловниот лик го играше Робин Вилијамс (фото), а во улогата на Олива беше Шели Дувал. Режисер на „Попај“ беше славниот Роберт Алтман. Овој филм не помина добро кај критиката кога излезе, но затоа заработи 60 милиони долари на киноблагајните и во меѓувреме се стекна со култен статус.

Оваа година се одбележуваат 95 години од првото, стриповско појавување на Попај, кој подоцна беше екранизиран во популарен цртан филм.