ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА КУЛТНАТА СРПСКА КОМЕДИЈА „МУЊЕ!“ ДОАЃА СЛЕДНАТА ГОДИНА

Белград, (Н1)

Привршува снимањето на филмот „Муње: Опет!“, продолжението на култната српска комедија „Муње!“ од 2001 година, која во српските кина ја гледале 600.000 луѓе.

Голем дел од екипата е ист: режисер е Радивоје Андриќ, сценарист е Срѓан Алексиќ, а и старите познати ликови ги играат истите актери. Филмот доаѓа во кината следната година.

Бројни генерации пораснаа со комедијата на Андриќ, која се појави во вистински момент и донесе една сосема нова енергија во српскиот филм. Бидејќи на продолжението работи истата екипа, нема да згрешам ако кажам дека нè очекува уште еден култен и забавен филм“, изјави Гордан Михиќ, директорот на Филмскиот центар на Србија.

Актерската постава ја предводи петорката од првиот филм Сергеј Трифуновиќ, Борис Миливојевиќ, Никола Ѓуричко, Маја Манџука и Милица Вујовиќ, но ќе недостига Небојша Глоговац, кој почина во 2018.