РАЈАН КУГЛЕР ЌЕ ГО ПИШУВА И РЕЖИРА „БЛЕК ПАНТЕР 2“

Њујорк, (АП)

По светскиот успех со „Блек пантер“, Рајан Куглер ќе го пишува и режира и продолжението на филмот од земјата Ваканда.

„Холивуд рипортер“ ја објави информацијата потврдена од извор од продукцијата, кој побара да остане анонимен. Засега не се познати ни датумот на почетокот на снимањето, ни датумот на премиерата.

„Блек пантер“ заработи над 1,3 милијарди долари низ светот, од кои 700 милиони на домашно ниво, што е рекорд за филм на Марвел.

Куглер, исто така, е продуцент на „Крид 2“, продолжение на филмот за Аполо Крид од 2015 година.