РИЈАНА ГО ПОЗАЈМУВА ГЛАСОТ НА ШТРУМФЕТА ВО НОВИОТ ФИЛМ ЗА ШТРУМФОВИ

Лос Анџелес, (Вараети)

Парамаунт“ го објави првиот трејлер за новиот анимиран филм за Штрумфови, во кој гласот на Штрумфета го позајмува поп-ѕвездата Ријана. Таа исто така напиша оригинални песни за филмот.

Сакав да бидам Веле Штрумф, но тоа не функционираше“, кажа Ријана претходно.

Режисери на „Штрумфови“ се Крис Милер и Мет Линдон, а меѓу актерите кои позајмуваат гласови се и Наташа Лион, Ник Оферман, Октавија Спенсер, Сандра О, Хана Вадингам, Џејмс Корден, Курт Расел и Џон Гудман.

Филмот доаѓа во кината на 18 јули.