РОБЕРТ ПАТИНСОН ПРВ ФАВОРИТ ЗА УЛОГАТА НА БЕТМЕН

Лос Анџелес, (Вараети)
Mandatory Credit: Photo by Philipp Guelland/EPA-EFE/REX/Shutterstock (9419782e) Robert Pattinson Damsel - Premiere - 68th Berlin Film Festival, Germany - 16 Feb 2018 Robert Pattinson arrives on the red carpet for "Damsel" at the 68th annual Berlin International Film Festival (Berlinale), in Berlin, Germany, 16 February 2018. The Berlinale runs from 15 to 25 February

Ѕвездата на „Самрак сага“, Роберт Патинсон, е прв фаворит да го игра Бетмен во новиот филм на „Ворнер брос“, што ќе го режира Мет Ривс, објави сајтот „Вараети“. Иако договорот сè уште не бил потпишан, изворите за сајтот велат дека тоа наскоро ќе се случи. „Ворнер брос“ досега не излезе со коментар.

Претпродукцијата на филмот насловен „The Batman“ се очекува да почне ова лето, а премиерата е закажана за 25 јуни 2021. Ривс го замени Бен Афлек како режисер во јануари 2017, по што самиот почна да го развива проектот. Во меѓувреме, Афлек се откажа и од улогата на Бетмен/Брус Вејн, што ја играше во два филма.

Сега 33-годишен, Патинсон успеа да ја надмине фазата на тинејџерски идол и секс симбол и успешно ја разви кариерата по серијалот „Самрак“.