Седмиот дел од серијата „Паркот Јура“, „Светот Јура, преродба“ (Jurassic World Rebirth) заработи 147,3 милиони долари во првите пет дена во 4.308 кина во Амрика.
Сепак, тие почетни приходи се значително намалени од поновите филмови во 32-годишната франшиза. Филмот заработи 91,5 милиони долари во текот на минатиот викенд, а тоа е голем пад во однос на тридневниот почеток во 2015 кој првично ја рестартираше научно-фантастичната серија со 208 милиони долари, како и неговите продолженија, во 2018, (148 милиони долари) и во 2022 година (145 милиони долари).
Филмот чинеше 180 милиони долари за продукција, без да се вклучи големиот буџет за маркетинг, што е многу помалку од 250-те милиони долари што студиото ги издвои за претходните филмови.
Во главните улоги се Скарлет Јохансон, Џонатан Бејли и двократниот оскаровец Махершала Али. Герет Едвардс е режисер според сценариото на Дејвид Коеп, кој беше автор на оригиналниот филм од 1993. Дејството е сместено пет години по настаните од „Светот Јура: Надмоќ“ од 2022, кога „екологијата на планетата се покажува во голема мера непријатна за диносаурусите“.
Фото: „Јуниверзал“