ШРЕК СЕ ВРАЌА ПО ДЕСЕТИНА ГОДИНИ СО ИСТАТА ЕКИПА АКТЕРИ

Лос Анџелес, (Вараети)
Mike Myers as Shrek in "Shrek"

Крис Меледандри, продуцентот кој стои зад трите дела на „Подлиот јас“, планира да ја обнови франшизата „Шрек“.

Студиото „Јуниверзал“ му дало задача на Меледандри да развие нови приказни со омилениот огар, со цел тој да им се доближи на новите генерации љубители на филмови. Свесен дека голем дел од популарноста на „Шрек“ се должи и на актерите кои ги позајмија гласовите, тој повторно планирал да ги собере Мајк Маерс, Еди Марфи и Антонио Бандерас, меѓу другите.

„Овие актери завршија неверојатна работа со своите гласови и иако може да се смисли нешто ново, од лични носталгични причини сакам да ја вратам таа екипа. Пред нас е голем предизвик, бидејќи не ни е цел да направиме само уште еден филм во серијата продолженија“, изјави Меледандри.

Од 2001 до 2010 година излегоа четири филма за Шрек, од кои првиот беше награден со Оскар, а потоа уште два под името „Мачорот во чизми“.