Триесетина манекенки, поранешни мисици и водителки синоќа дефилираа меѓу витрините на етнолошката поставка во Музејот на Македонија, на ревијата „Мејд ин Маседониа: Почетоци и еволуција“.

Американскиот амбасадор Џес Бејли со сопругата Кејпи Полк Бејли

Моделите се движеа низ полната сала, кадешто безмалку два часа стоеја дипломати, министри, бизнисменки, бизнисмени и модни дизајнери, придружувани од музиката на Александар Ристевски-Принц, во креациите на Лидија Георгиева, Никола Ефтимов, Росица Мршиќ, Ивана Кнез, Антонија Ристовска, Розе Трајческа-Ристовска, Силвија Михајловска, Тања Кокев, Олгица Ѓорѓиева и Јана Манева-Чупоска.

Директорот на Музејот на Македонија, Гордан Николов, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, британската амбасадорка Рејчел Галовеј и американскиот амбасадор Џес Бејли

Ревијата се организира по вторпат. Лани темата беше „Современ дизајн накитен со минатото“ и беше во организација на американската амбасада во Скопје и Македонскиот велком центар „Добредојде“. И ланскиот концепт беше со стоење за време на ревијата.

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј, американскиот амбасадор Џес Бејли и холандскиот амбасадор Ваутер Пломп

Годинава, домаќин на ревијата беа француската амбасада и амбасадорот Кристијан Тимоние, заедно со Центарот „Добредојде“.

Директорот на Музејот на Македонија, Гордан Николов и министерот за дијаспора Едмонд Адеми

„Пионерите на македонската мода, денес етаблирани имиња, ги отворија своите архиви за оваа ревија, на која, можеме да кажеме, ги гледаме почетоците на современата мода во Македонија“, рече водителот на настанот Ване Маркоски.

Б. НЕСТОРОСКА
Фото: К. ПОПОВ

Моделите во креации на Лидија Георгиева

Маја Глигоровска во креација на Никола Ефтимов

Вера Мештеровиќ (лево) со манекенките во креации на Росица Мршиќ

Ирена Спировска со манекенките во дизајни на Ивана Кнез

Јована Стојменовиќ со манекенките во модели на Антонија Ристовска

Јованка Мазиќ со манекенки во креации на Розе Трајческа-Ристовска

Моделите на Силвија Михајловска

Моделите на Тања Кокев

Креациите на Олгица Ѓорѓиева

Сани Богдановска и манекенките во дизајните на Јана Манева-Чупоска