Кристофер Нолан ѝ се враќа на Втората светска војна во својот следен филмски проект, јавуваат холивудските медиуми. Во него, тој ќе се фокусира на улогата на американскиот физичар Роберт Опенхајмер во развивањето на атомската бомба.

Засега нема други информации за филмот, освен што се шпекулира дека Силијан Марфи по петти пат ќе соработува со Нолан. Тој го испратил сценариото до повеќе филмски студија, откако досега сите филмови ги сними за „Ворнер брос“.

Првиот филм на Нолан кој имаше тема од Втората светска војна беше „Данкирк“ од 2017. Неговиот последен филм „Тенет“ заработи 363 милиони долари на светско ниво, иако излезе среде пандемија.