СРПСКИОТ ХИТ „ЧУВАРИ НА ФОРМУЛАТА“ ИГРА ВО СКОПСКОТО КИНО МИЛЕНИУМ

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

Филмот „Чувари на формулата“ на српскиот режисер и актер Драган Бјелогрлиќ од денеска (23 ноември) игра во скопското кино Милениум. Македонски копродуцент е „Скопје филм студио“.

„Чувари на формулата“, кој во Србија го нарекуваат „српски Опенхајмер“, зборува за инцидент во Нуклеарниот институт Винча во 1950-тите.

„За тајниот проект на правењето на атомската бомба во Србија не се зборувало, секако и денес не се зборува. За мене, бомбата беше само провокација да покажам дека формулата на смртта станува формула на животот. Луѓето кои работеле на нешто што е вооружување и смрт се соочиле со нешто што е живот. И да не биле тие експерименти, можеби професорот Мате не би направил трансплантација на коскена срж“, кажа Бјелогрлиќ по фестивалската премиера во Скопје.