ТРЕЈЛЕРОТ ЗА НОВИОТ ФИЛМ НА НОЛАН „ТЕНЕТ“ ОБЈАВЕН БЕЗ ДАТУМОТ НА ПРЕМИЕРАТА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Новиот филм на Кристофер Нолан, „Тенет“, го доби првиот трејлер, кој открива повеќе за сложената приказна за патување низ време. За разлика од тизер трејлерот објавен во декември, новото промотивно видео не завршува со потврдата дека филмот ќе има премиера на 17 јули, туку само кажува дека доаѓа во кината.

Триминутниот трејлер прво беше објавен на популарната видеоигра „Фортнајт“.

Киносалите се затворени низ цел свет поради пандемијата на коронавирусот и засега е неизвесно кога ќе бидат повторно отворени. Некои ланци на киносали најавуваат дека би можеле да почнат со работа во јули.

Според дистрибутерот „Ворнер брос“, „Тенет“ е „епска акција сместена во светот на меѓународната шпионажа“. Во главни улоги се Џон Дејвид Вашингтон, Роберт Патинсон и Кенет Брана, кој игра руски државјанин кој може да комуницира со иднината.

На Твитер страницата на „Тенет“ и натаму се тврди дека филмот ќе има премиера на 17 јули.