ТРЕЈЛЕРОТ ЗА „ОДМАЗДНИЦИ: ЗАВРШНА ИГРА“ ПРЕГЛЕДАН РЕКОРДНИ 289 МИЛИОНИ ПАТИ ЗА 24 ЧАСА

Лос Анџелес, (Вараети)

Одмаздници“ е франшиза која постојано урива рекорди и таков е случајот и со првиот трејлер за неговиот последен дел, насловен „Завршна игра“, кој е еден од најисчекуваните филмови за 2019 година.

Објавен во петокот, трејлерот кој покажува дека преживеаните Одмаздници се наоѓаат во незавидна позиција бил прегледан 289 милиони пати во првите 24 часа. Со тоа беше урнат ланскиот рекорд на трејлерот за „Војна на бесконечноста“, кој имаше 230 милиони прегледи за истиот период.

Ова покажува дека ‘Марвел‘ ги има најдобрите фанови на светот и колку се големи очекувањата за овој филм. Публиката едвај чека да види што се случува следно откако Танос уништи половина од универзумот“, се вели во соопштението на „Марвел“.

Одмаздници: завршна игра“ доаѓа во кината на 26 април 2019.