ТРЕТИОТ ДЕЛ НА „МАМА МИА“ ЌЕ СЕ СНИМА НА ГРЧКИ ИЛИ ХРВАТСКИ ОСТРОВ

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Холивудската актерка Кристин Барански откри дека се подготвува трет дел на блокбастерот „Мама миа“. Првиот дел на мјузиклот од 2008 заработи над 600 милиони долари, а продолжението насловено „Мама миа: Одиме понатаму“ излезе по 10 години.

Говорејќи за своите проекти во едно интервју, Барански (72) кажа дека разговарала со Џуди Крамер, продуцентката на филмската франшиза, работите се во тек и приказната е подготвена.

„Сите ќе бидеме на некој чудесен грчки или хрватски остров. Ќе биде фантастично. Се надевам“, рече Барански.

Во претходните два филма, снимени според песните на шведската група „АББА“, играа Аманда Сајфрид, Мерил Стрип, Кристин Барански, Пирс Броснан, Колин Фирт, Стелан Скарсгорд, Шер и Лили Џејмс. Оскаровката Стрип исто така неодамна откри дека разговарала со Крамер и дека би била пресреќна ако најдат начин пак да се појави нејзиниот лик, кој умира во првиот дел.