На 19 јуни во Кинотеката за првпат ќе почне циклус на современ перуански филм, во организација на амбасадата на Перу во Букурешт, Кинотеката и почесниот конзулат на Перу во Македонија.
Програмата почнува со проекција на играниот филм „Кралици“ (фото) во режија на Клаудија Рејнике. Приказната се фокусира на односот помеѓу татко и неговите ќерки и на нивните општествени предизвици во денешно Перу.
На 20 јуни ќе биде прикажан документарецот „Мисија Кипи“ на режисерката Сонали Туеста, трогателен и инспиративен филм во кој главната улога ја има робот наменет за дружење и социјализација на деца кои поминале низ период на изолација за време на пандемијата на ковид-19.
Циклусот завршува на 21 јуни со играниот филм „Вкусно сушено овошје“ на Ана Каридад Санчез.
Сите три проекции се бесплатни за посетителите.