Кинотеката на Македонија ја започнува новата година со разновидна програма за сите генерации преку тематски и ексклузивни проекции.
За најмладата публика, Кинотеката од утре (9 јануари) организира утрински проекции во рамките на „Кино утро“, а љубителите на македонската кинематографија ќе имаат можност да гледаат документарни и кратки македонски филмови.
Новина е зимското издание на фестивалот „Браќа Манаки“. Ќе бидат прикажани пет наслови – копродукции помеѓу земји од јадранскиот регион кои оставиле значаен печат во изминатите три години. Првата проекција ќе биде во киносалата на Кинотека, а останатите четири филма ќе бидат достапни на дигитална платформа.
За љубителите на современата авторска кинематографија на програмата се два арт-хаус филма: „Перфектни денови“ на Вим Вендерс, и „Зона на интерес“ на Џонатан Глејзер.
Целосната програма е на овој линк.
Фото: Македонскиот документарен филм „Љубовната соба“ ќе се прикаже на 20 јануари