Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, влезе во официјалната селекција на 5. издание на „Стрипт тејл анимејшн фстивал 2025“, што ќе се одржи од 16 до 18 мај во Тбилиси, Грузија.
Фестивалскиот тим на својата веб страница го опишува филмот вака:
„Вселенска зоолошка градина. Балкански хумор. Хаос на интергалактичко ниво. ‘Јон Вардар против Галаксијата’ нè носи во една апсурдна мисија за спас на универзумот. Чудовишта, сатира и емоции се судираат во оваа забавна вселенска опера за сите возрасти. Научно-фантастична пародија со срце, вонземјани и автентичен балкански дух.“
Филмот досега имаше селекции на преку десет фестивали, од кои 5 се во А и Б листите на најдобри филмски фестивали во светот. Поддржан е од Агенцијата за филм.
ФИЛМОТ „ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА“ НА ЦВЕТАНОВСКИ ЌЕ ИГРА НА ФЕСТИВАЛ ВО ГРУЗИЈА
Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
