ФРОСИНА ПАРМАКОВСКА ГО ДОБИ РАЦИНОВОТО ПРИЗНАНИЕ ЗА РОМАНОТ „СЀ УШТЕ МОЖАМ НЕШТО ДА СТОРАМ“

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Фросина Пармаковска за нејзиното дело „Сѐ уште можам нешто да сторам“, го доби Рациновото признание 2024, во конкуренција на 25 пријавени дела. Книгата е издание на издавачката куќа „Или-или“. Повеќе дела од предложените, се издвоиле со нивниот естетски квалитет, иновативниот и наративен стил, оцени жирито во состав: Снежана Петрова-Џамбазова, Маја Апостоловска и Јасминка Делова-Силјанова.

„Романот содржински нуди одговори на повеќе лични, општо човечки и суштински прашања и колебања. Во целост на читателската пбулика и понудува секојдневна, магична и современа и сeвременска приказна, лесна и пивлива за читање. Романот е поделен на два дела, двата концепирани во поглавја, кои полека и во неколку апсекти го откриваат сложениот мозаик на приказната“ , кажа Петрова-Џамбазова во името на жирито. Во романот столбот на приказната е за бројните исчезнати, украдени, ново родени бебиња, низ поранешна Југославија.

Пармаковска заблагодарувајќи се за наградата, кажа дека Рацин ѝ е еден од првите македонски четива во животот и на кого редовно се навраќа.
„На Рацин постојано се навраќам, но Рацин не се надраснува. Со секое навраќање, одново и одново откривам, Рацин е љубов, Рацин е слобода, крик за правда, силен копнеж, Рацин е македонска меморија. Поради тоа со толку силна воздуба ја примам оваа награда. Во овој роман, дадов најмногу од себе, и психички и физички и емоционално. Поради тоа толку многу се радувам на наградата. Секој миг од животот што го живеам, е согласно со Рациновите вредности“ , рече Пармаковска.

Фросина Пармаковска и Анамарија Цинеге Панзова од Унгарија. (Фото: СМАРТ.СДК.МК)

 

Добитничка на Почесното Рациново признание е  Анамарија Цинеге Панзова од Унгарија, литературен преведувач од македонски на унгарски јазик. Ова признание се доделува за афирмација и  промоција на македонскиот  јазик, книжевност и култура во странство.

„Јас сум унгаристка и полонистка, која во Полска се запозна со еден Македонец. Така почнав да го учам македонскиот јазик, потоа заедно почнавме да преведуваме книги од унгарски на македонски, па јас продолжив од македонски на унгарски јазик. Последно време се зафатив со научна работа, почнав да преведувам дела од Блаже Конески, Крсте Петков Мисирков. Се надевам дека ќе вклучиме нови генерации на македонистика во Будимпешта, и ќе ја развиваме“ – кажа Цинега Панзова.

Во чест на поетот и револуционер, Беседата за Рацин ја одржа професор доктор Михајло Марковиќ, се одржа и меѓународен поетски митинг со учество на двесетина поети, меѓу кои и гости од Бугарија и Србија. Институтот за македонски јазик одржа научен симпозиум на тема „Од белите мугри до современите текови на јазикот и книжевноста”.

П. ПЕЧКОВ