ГОРДОН РЕМЗИ ГО ДОБИ ШЕСТОТО ДЕТЕ НА 57 ГОДИНИ, ВЕЛИ ДЕКА МУ Е ПОСЛЕДНО

Лондон, (Би-Би-Си)

Славниот готвач Гордон Ремзи објави дека го добил шестото дете на 57 години. Тој истовремено кажа дека Џеси Џејмс Ремзи ќе им биде последното дете.

Три момчиња и три девојчиња. Толку“, напиша Ремзи на социјалните мрежи.

Ремзи е во брак со авторката на книги за готвење Тана Хачесон (49) од 1996 и првото дете го добија пред повеќе од 20 години.

Меѓу оние кои јавно му честитаа на Ремзи е Џејми Оливер, кој и самиот има пет деца.

Покрај тоа што се родители на шест деца, Ремзи и Тана се соочиле и со загуба на бебе, откако таа во 2016 имала спонтан абортус во петтиот месец од бременоста.

(Фото: Гети)